На Антонио Милошоски му застаре делото злоупотреба на службената положба, ќе му се суди само за измама
На пратеникот Антонио Милишоски и уште 9 обвинети во предметот “Moќник” им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба но тој ќе остане во судница со татко му Милош Милошоски и екс градоначалникот на Македoнски Брод, Милосим Војнески затоа што одговаат и за делото измама.
-Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон.
Судот, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител и согласно одредбите од КЗ донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите – М.М., М.В. и А.М. судењето за кривичното дело Измама од чл. 247 ст.4 вв ст.1 вв со чл. 22 од КЗ продолжува на следната расправа насрочена за 09.11 и 28.11 2023 година во 10:00 часот, стои во соопштението од Кривичниот суд.
- Текстот е превземен од infomax.mk