Може ли државната електродистрибуција да се продаде на приватници?
- Фејсбук статус на Дејан Трајковски
Може, зошто не би можело. Затоа сега плаќаме најскапа мрежарина во регионот, поскапа и од самата електрична енергија.
Може ли странска приватна компанија да ни гради автопатишта наместо домашно ЈП и за тоа да се задолжиме 1,5 милијарда евра?
Секако дека може. Само што за домашните нема да има работа, автопатиштата нема да се исплатат од патарини ни после 60 години, а целата држава ќе мора да отплатува непотребни кредити и нема да може да гради нешто што вистински и треба, хидроцентрали на пример.
Може ли државата да се откаже од самостојна изградба на Чебрен и да го раскрчми на странска компанија?
Може, како да не може. Затоа од фотоволтаиците ќе имаме фајде само дење, а ќе увезуваме скапа електрична енергија додека сме живи или додека државата не пропадне.