АктуелноЛокално

Левица изрази солидарност со палестинскиот народ

  • Реакција на Левица – Сектор надворешна политика

Премолчувањата на бројните воени злосторства, репресии, окупации на палестински територии, во период подолг од педесетина години, резултира со ново разгорување на конфликт, кој практично никогаш и не бил прекинат. Воено послабата палестинска страна, по бројните репресии и напади на верски објекти и семејни имоти, влезе во нова борба против израелските окупациски сили, која како и секоја претходна ќе заврши со огромен број на невини жртви, убиени жени и деца – сето тоа пред очите на јавност.

ООН константно ја покажува својата немоќ да се справи со кршењето на основните човекови права на Палестинците и воените злосторсства сторени од страна на Апартхејдод Израел. Колективниот Запад постојано наоѓа оправдувања за секое израелско воено злосторство додека борбата за преживување на уништуваниот народ ја оценува како терористички чин. САД, во рамки на ООН и Советот за безбедност, го бојкотира секое понудено решени кое има за цел прекин на конфликтот, додека истовремено го вооружува Израел и помага во секоја негова „операција“ против Палестинците.

Реакцијата на Палестинците е резултат на проблемот кој меѓународните институции со децении не го решаваат! Империјалистичките политики и опресии врз помалите народи уште еднаш покажаа дека не можат да донесат добро никому. Цивилното население, немоќните, огромен број на жени и деца ќе бидат најголеми жртви на воените операции на Израел, помогнати од оружје и војска на САД.

Палестинскиот народ има право на своја држава! Палестинскиот народ заслужува слободно да живее!

Левица апелира на мир од двете страни, и изразува Солидарност со Палестискиот народ, кој е жртва на израелските окупациски сили и премолчувањата пред неправдата од светската јавност и меѓународните институции.