АктуелноИнтернационално

Путин: Само идиоти можат да аплаудираат на фашист кој се борел за единиците на СС

Владимир Путин го нарече „идиот“ поранешниот претседател на Долниот дом на канадскиот парламент Ентони Рота затоа што му аплаудирал на 98-годишниот Украинец кој се борел во единицата Вафен СС за време на Втората светска војна. На поранешниот нацистички војник Јарослав Хунка му беше аплаудирано од канадските парламентарци, премиерот Џастин Трудо и украинскиот претседател Володимир Зеленски, без никој од нив да знае ништо за неговото нацистичко минато.

Соочен со скандалот, Рота поднесе оставка од претходната функција, а Трудо се извини. Путин вчера на меѓународен форум рече дека Рота требало да го знае минатото на Хунка пред да го претстави како Украинец кој се борел против Русите за време на Втората светска војна.

„Ако претседателот на канадскиот парламент рече дека овој канадско-украински нацист се борел против Русите, тој не може да не знае дека се борел на страната на Хитлер, а не на страната на својата татковина, Канада“, рече Путин на меѓународниот форум во Валдај, Русија.

„Ако тој не знае дека Хитлер и неговите злосторници се бореле против Русија во војната, тој е идиот. И ако знае дека овој човек се борел на страната на Хитлер и го нарекува канадски херој, тој е подмолен“, додаде тој.

Русија Специјалната воена операција во Украина ја започна пред околу година и пол, а една од главните цели е  операцијата „денацифицира“ својот на својот сосед. Во украина постојат бројни баталјони, кои не кријат дека се фашистички, особено се изразени фашистичките симболи на нивните униформи.

„Дегутантно е што сите му аплаудираа на овој нацист, особено претседателот на Украина, во чии вени тече еврејска крв“, продолжи Путин.

„Самиот претседател на Украина стана и му аплаудираше на нацистот кој убиваше Евреи. Зарем тоа не е знак за нацификација на Украина“, додаде тој.

Украинските власти не го коментираа инцидентот.