Промоција на книгата „Мед и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска во КИЦ

Во среда (4ти октомври),со почеток од 19 часот во Културно информативен центар – Скопје-Салон Империјал 1 ќе се одржи промоција на книгата „Мед и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Промотор е писателот Гоце Смилевски, стиховите ги кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Мартин Манев.
Најновата поетска збирка МЕД И МЛАДОСТ на Гордана Михаилова Бошнакоска, која е самиздат во соработка со издавачот МАКАВЕЈ, објавена е во 2023 год. и беше влезена во најтесниот избор за наградата Браќа Миладиновци на СВП за оваа година. Триесет и осумтте песни поделена во три циклуси- Поезија, поетеси, артисти / Сцена/ и Можности и неможности, во неа се збрани настани во траење од пет денови, кои се случуваат во време на СВП.
Внесувајќи новини во долгогодишното поетско творештво (запишува во поговорот писателот, литературен критичар, преведувач, антологичар, Бранко Цветковски) од над шест десетлетија, авторката заклучува дека ,,се е кажано,, на еден востановен поетски систем и дека е ,,дојдено време,, барем во нејзиното творештво, поезијата/песната да стане толкувач на некоја идна песна, која може и воопшто да не биде напишана. Сакам, вели авторката, СВП и самите тие да ги внесам во поезијата, покрај она што тие ја промовираат поезијата, како феномен кој со децениското нивно постоење се навлезени особено во творештвото на македонските писатали, така и во моето уште од самиот почеток, како најмлада учесничка.
Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1септември 1940 год. во Битола. Студирала на Филолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Пишува поезија, проза , есеи за литература и уметност (сликарство и скулптура). Има објавено петнаесет збирки поезија првата ВРЕМЕТО ГО НЕМА 1965, а најновата МЕД И МЛАДОСТ 2023. Наградата Браќа Миладиновци ја доби за збирката ПЛАНИНИ ОД КАРТОНСКИ КУТИИ, наградата ,,Ацо Шопов,, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ја доби за збирката ПЕСНА НА РИДОТ, како и наградата ,,Празник на липите“.
Застапена е во сите поетски антологии во Македонија и странство, како и во панорамски прикази. Преведени се нејзините песни на сите светски јазици. Поединечни преводи се објавени на нејзини поетски избори како и збирката ТОЛКУВЊЕ НА МОРЕТО. Од Македонија застапена е во антологијата ,,13 Ѕвезди на словенското небо,, што ја издаде Словенската акдемија за литература и уметност од Варна ( Бугарија), каде е и нејзин член и носител на највисокото признание ,,Големо летечко перо,, за целокупно творештво. Македонската ТВ има снимено две емисии за нејзината поезија и проза, како и Македонското радио ја застапи во звучната антологија на македонската поезија.
Носителка е на признанието Витез на пишаниот збор како и на највисокото признание на ДПМ ,,Книжевен жезол,, за целокупно творештво. Ги има објавено збирката раскази БОСФОРСКО ЛЕТО и романот ПОТРАГА ПО ПРИКАЗНА. Настапувала на бројни литературни манифестации во Македонија и во странство. Добитничка е на стипендијата Фулбрајт со престој во САД. Застапена е во изданијата за литература од Министерството за култура на Македонија (р. бр. 50) , како и во македонската енциклопедија. За нејзиното творештво пишувале многу македонски автори од сите генерации, како и автори од други земји.
Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028