АктуелноЛокално

Кои се барањата на денешните протести

– Протестите против убиствата на Онкологија продолжуваат денес, а протестирачите не се откажуваат од барањето правда за жртвите. Организаторите побараа излезеност и поддршка од граѓаните, затоа што како што велат протестот не е само за онкологија туку за целосниот здравствен систем.

Од страна на протестирачите се бара истрага за вмешаноста на Филипче и Васев, проширување на истрагата на детска онкологија, целосна ревизија на клиниката, но и обелоденување на вистината за она што се случи со модуларната болница во Тетово и смртта на малата Јана.

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев;
2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија;
3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија;
4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија;
5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.
6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.

Протестот за денес е најавен пред Влада од 18 часот, а организаторите повикуваат на излезеност и поддршка од граѓаните, затоа што убиствата за профит не смеат да бидат опростени.