(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ очигледно не сака да стане власт
ВМРО-ДПМНЕ очигледно не сака да биде власт, дотолку повеќе што се среќни што СДСМ ќе ги донесе заклучоците од Францускиот предлог вели во денешната епизода на Тешки муабети, портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
– Кој закажува операција за отстранување на масно ткиво денот кога треба да стане премиер? Тие очигледно не сакаат да бидат власт, дотолку повеќе што се среќни што СДСМ ќе ги донесе заклучоците од Францускиот предлог. И внимавајте, Извршниот комитет и пратениците, според наши извори, не знаеле дека Мицкоски на таа лидерска средба со Ковачевски ќе договори уставни измени, вели Мециновиќ.
Милош Милошевски додаде дека да не беше притисокот од Инфомакс, Левица и јавноста, уставните измени досега ќе беа завршена работа.