Бог да чува и да брани! Ем ќе им се тргнеш од медиуми, ем уште не те оставаат на мир
- Фејсбук статус на Билјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија по однос на интервјуто на новинарот Васко Попетревски со Александар Николовски.
Сега го слушам конфузното интервју на Александар Николовски со Попетревски: види чудо! Зборувајќи за реакциите на социјалните мрежи (т.е. девалвирајќи го нивното значење), тој индиректно реферира на мојот обид за претседателските избори во 2014 година! Ничим изазван го вади “мојот случај”, тврдејќи дека едно биле лајкови на ФБ но во реалноста не сум успеала!
Ај да се разбереме! Проблемот не беше во мојата заведеност од популарност (лајкови!!) на ФБ, туку од системското опструирање независен кандидат да собере 10.000 потписи за две недели! Точно е дека стасав до речиси половината од прагот, па не ни станав кандидат. Но ви гарантирам дека секој во моја позиција (сосема сам, без партиска машинерија и без пари) нема да може да стане кандидат! Никогаш! Не е до лајковите! It’s the system, stupid! Јас бев свесна дека шансите се минимални, ама се изложив и на напори и на потсмев (тогаш и други од ВМРО ми се потсмеваа преку прес-конференции) во обид да ја мотивирам разочараната и апатична јавност. Јас своето го сторив – и чесно со дигнат а глава се повлеков од јавната сцена (освен во време на протести кога настапувам како обичен граѓанин). Нечесно е да ме спомнуваат вака шверцерски… Јавните позиции во демократиите треба да се достапни за секого, не се тие резервирани само за партиските врхушки!
Патем, во собраните потписи (сите ми беа драги и почитувани) имаше и потписи на преку 50 универзитетски професори (најмалку од мојот факултет), а меѓу нив светеше името на Ѓорѓи Марјановиќ! За мене огромна сатисфакција
Толку.
Чекај, чекај ! Дополнување: па и Златев златен ме коментирал на истата тема! Хммм… чудна паралела прават! За да си го смират стравот од влијанието на Груевски, ме земаат мене како пример на ФБ популарност и политички (демек) неуспех! Не, бре, аналитичари! Јас бев и останав независен интелектуалец, и јас постигнав успех со чинот на преземање храброст да им се замешам на политичарите. Груевски ви е друг и инаков проблем.
Бог да чува и да брани! Ем ќе им се тргнеш од медиуми, ем уште не те оставаат на мир.