АктуелноЛокално

Концерт на дувачкиот квинтет „Phil-Harmonic“ вечерва на Денови на македонска музика 2023

Вечерва,понеделник (25 септември) со почеток во 20 часот во Филхармонија во рамките на втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“ концерт ќе одржи дувачкиот квинтет Phil-Harmonic.

Квинтетот е составен од: Елена Дојчинова – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Ванчо Стојановски – фагот.

На програмата се делата: „ЧЕТИРИ ЕПИЗОДИ“ од Драгослав Ортаков, „ЦРНО СОНЦЕ“ (според стихови на Ацо Шопов) од Валентина Велковска – Трајановска, „М..С..А“ од Стојан Стојков, „ДУВАЧКИ КВИНТЕТ“ на македонски револуционерни песни од Љубормир Браноѓолица и „ХУМОРЕСКА“ од Александар Џамбазов.

Влезот на концертот е слободен.