АктуелноЛокално

На денешниот протест за Онкологија се бара правда за жртвите од модуларната болница и малата Јана

Протестот најавен за денес ќе започне од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството. Од неформалната група Протест против убиствата на онкологија во соопштени за денес бараат одговорност и ги повикаа граѓаните да излезат во што поголем број. Барањата на денешниот протест се:

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев;

2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија;

3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија;

4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија;

5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!

6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.