АктуелноИнтернационално

Руските продавници ќе ја бојкотираат новата игра Call of Duty III (Видео)

Руските продавници за електроника нема да го продаваат новото продолжение од популарната игра Call of Duty: Modern Warfare III од страв дека насилството во играта врз руските ликови, може да ги прекрши локалните закони, објави новинската агенција RBC, цитирајќи четири популарни трговски синџири.

Според извештајот, трговците на мало M.Video-Eldorado, DNS, Buka и EMSI се одлучиле да не ја дистрибуираат играта, барем додека не ја видат нејзината конечна верзија.

Претставник на DNS беше цитиран како рече дека „веројатноста оваа игра да содржи насилство врз руските граѓани е многу голема“, што, може да се смета како кршење на законите за говор на омраза во земјата. 

Јаша Хадаџи, шеф на руската асоцијација на дистрибутери и увозници на видео игри, изјави за новинската агенција дека маркетинг кампањата на играта прикажува руски лик како негативец. „Играта содржи повици за насилство врз руски државјанин. Сметаме дека тоа е неприфатливо“, рече Хадаџи, поранешен шеф на Нинтендо Русија. 

Серијата, која имаше и други руски негативци во минатото, првпат предизвика контроверзии во 2009 година. Modern Warfare 2 содржеше ниво што им дозволуваше на играчите да учествуваат во масакр на цивили на руски аеродром. Мисијата предизвика бес во Русија, што на крајот го натера произведувачот Activision да го отстрани нивото од руската верзија на играта.