АктуелноЛокално

„FLUX Sufacing“ изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова во КИЦ

Во среда 20 септември, со почеток од 20 часот во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 ќе се отвори изложбата на графики и инсталација „FLUX Sufacing“.

 Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од страна на Ивана Ќ. Самандова и Ана Трајковска која што се оддржа во ноември во отворено графичко студио, 2022 година. Покрај тоа што тематиката на графиките е од мрачен психо-аналитички, интроспективен карактер, за време на изложбата „FLUX“ се оствари и интерактивен чин помеѓу делата и посетителите. Интерактивниот чин се состоеше на гравирање од страна на посетителите врз поставените плочи, кои истите изгравирани моменти содржат тематики поврзани со своите лични искуства, скриени чувства и трауматични мемории, стравови и неизвесности, кои остануваат анонимни поради ранливата природа на самите изгравирани цртежи. Сите тие колективни, индиректни визуелни прикази и споделувања помеѓу уметниците и посетителите, во овој продолжеток FLUX: Surfacing – се откриваат, ‘излегуваат’ на површината формирајќи една целина низ која разновидните отпечатоци се испреплетени едни меѓу други, создавајќи еден нов соединет наратив низ просторот и самото дело.


Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.Од 2010 до 2020 година активно работи како личен асистен за цртање и сликање на Ирена Гапговска во НВО Арт студио- Скопје, а од октомрви 2020г. е основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање.ИВАНА САМАНДОВА
Ивана Ќ. Самандова (родена 1997, Скопје) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2020, на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-политички проблематики, структури, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван, поттикнат интерес, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми.
 Изложбата ќе биде отворена до 02.10.2023 година.

Настанот е финансиран од Град Скопје и е дел од проектот „Скопје кандидат за Европска престолнина на културата 202