АктуелноЛокално

Мојсоска: Измените во КЗ се колективна амнестија – ЕУ вели заборавете на членството

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – Генерален секретар на Политичката партија Левица

Кoлективна амнестија… Шизофренијата на владеењето на СДС-ДУИ е кога во ек на кампања „Ние сме Европа”, истите предлагаат измени на Кривичен законик со кој се намалуваат казните извршени од страна на функционери.

Во држава во која се лежи само за ќебапи, во која функционери изградија милионски династии имоти во еден мандат, оваа супер-европска влада ќе ги намалува казните за функционерите – затоа што и онаа 7% доверба во судство е премногу!

Инаку, симтоматично е што ваков предлог за измена датира уште од 2020 година, кога адвокати на обвинетите на ДПМНЕ во СЈО поднесоа иницијатива до Уставен суд за измена на истиот член 353 од КЗ. Уште кога беше поднесена оваа иницијатива, се зборуваше дека целта е да се спасат од кривичен прогон или од затворски казни обвинетите: Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска, Игор Јанушев и други поранешни функционери.

„Заборавете на членството на Македонија во Европската унија ако овој став го поништи Уставниот суд” – беше ставот на дипломатите на ЕУ. Сега токму СДС предлага измена на фамозниот член 353.

Само СДС се такви абдали да го бугаризираат Уставот под изговор за ЕУ додека го рушат секој темел на правната држава. Доколку се усвојат ваквите измени, македонската јавност повторно ќе биде сведок на колективна АМНЕСТИЈА на сите криминали и од претходната и од сегашната владејачка гарнитура.