АктуелноЛокално

Богевски: Поразително е осум месеци дијабетичарите да бидат оставени без лек

  • Фејсбук статус на Круме Богевски – Координатор на Левица – Здравствен сектор

Прво, осум месеци дијабетичарите сами беа оставени на приватно да си купуваат ленти, игли, дури и инсулин во некои делови на Македонија! Министерството обезбеди донација во краток временски период? Навистина? Осум месеци на приватно е краток временски период?

Второ, 2 години во Совет ми се повеќе од доволни за да сфатам дека кога приватна фирма донира нешто на државата или нејзин орган, повеќе од веројатно е дека нешто ќе бара за возврат! Сетете се на цементарница и нејзините донации.

А во овој случај Министерството ИЗДЕЈСТВУВАЛО донација, што укажува само на фактот дека позади затворени врати е договорено нешто.

Трето пак, бидејќи министрите за здравство се менуваат како чорапи, достоинствена е актуелната администрација да укаже на пропустот на претходниот министер, па на јавноста и дадоа до знаење дека дијабетичарите биле ЗАБОРАВЕНИ, а јавната набавка за обезбедување на ленти, игли и глукометри не била спроведена.

Е ајде може да останете тивки, мирни и спокојни по се ова?