Се урна авион во областа Твер, Евгениј Пригожин e на списокот на патници
Приватен авион се урна во областа Твер, во него имало десет луѓе и сите загинале, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин се најде на списокот на патници кои беа во авионот. Последен пат Пригожин беше виден од јавноста пред два дена кога се појави на краткото видео снимено во Африка.
Авионот летал од Москва за Санкт Петербург и во него имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот. Според првичните информации, сите загинале“, се вели во извештајот на Министерството.
На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот, а околу 20 часот на местото на несреќата се пронајдени телата на осум загинати лица, изјавија за „РИА Новости“ од службите за итна помош.
Авионот бил на „МНТ-аеро“, компанија специјализирана за деловен транспорт.
Се додава дека увидна екипа е пристигната на местото на настанот , каде ќе бидат направени сите потребни вештачења и ќе се преземат сите дејствија за утврдување на причините за несреќата.