Левица положи цвеќе во чест на загинатите во Диво Насеље – иницијативата за споменик од општината ќе биде спроведена
- Соопштение на ЛО Левица Куманово
Делегацијата на Левица – ЛО Куманово положи свежо цвеќе во чест на загинатите осум бранители кои ги изгубија животите во кумановското Диво Насеље, при терористички напад што се случи во мај 2015 година.
Осумте припадници на полициските сили беа заборавени осум години од државата! Иницијатива за подигање на спомен обележје беше поднесена на 9-ти мај годинава, од страна на Советникот на Левица на Седница на Совет на Општина Куманово, на осумгодишнината од загинувањето на бранителите.
Потсетуваме, советниците на СДСМ во Совет на Општина Куманово не ја поддржаа иницијативата да се издигне споменик во чест на загинатите припадници на полициски сили!
И покрај ваквата констелација на нештата, несомнено е дека притисокот од Левица влијаеше на однародената власт во еден миг да се одважи и укаже на важноста на делото на бранителите!
Левица го поздравува поставувањето на спомен одбележјето во дворот на полициската станица и најавуваме дека нема да се откажеме од иницијативата за поставување на споменик посветен на бранителите од страна на Општината, каде што беше усвоена нашата иницијатива.
Слава им на бранителите!