АктуелноЛокално

Крмов: Измеќари и слуги на великоалбанскиот екстремизам се плашат да ја осудат посетата на Курти

Инцидентот кој сериозно ги вознемири македонските граѓани, а претставуваше грубо прекршување на меѓународното право и протоколите за посети на официјални претставници на странски држави, се’ уште не доби достојна осуда од страна на Владата како чувар на државата.

За искажувањето територијални претензии кон Македонија од страна на албански лидери засега нема барање одговорност од државата, дури ниту протестна нота од Министерството со кое раководи Османи во најмала рака, а реториката на осуда е блага и од политичките субјекти како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Српскиот претседател на прес-конференција во Атина, пренесувајќи дел од атмосферата од неформалниот состанок по повод 20-годишнината од Декларацијата од Солун од Самитот ЕУ – Западен Балкан, рече дека Ковачевски многу силно реагирал на Албин Курти „за она што го правеше во Тетово“ што изненадило многумина од присутните.

Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, во која го спомена македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Причината за ова пратеникот од Левица Крмов ја гледа во стравот на СДСМ да не се наруши односот со коалициониот партнер, дури и за сметка на нарушување на суверенитетот на државата.

Курти газеше врз македонскиот суверенитет, дојде ненајавен во посета, без протокол, без ниедно македонско знаме, без интонирање на македонската химна, додека слободно се мафташе со знамето на Голема Албанија, ама Владата уплашена да потврди дека Премиерот ја критикувал неговата т.н. посета!?

Во својот фејсбук статус Крмов ги нарече „измеќари и слуги на великоалбанскиот екстремизам!“

Не дај боже да ги искараат коалиционите партнери по дома. Во што се претвори македонската Влада на СДС? Измеќари и слуги на великоалбанскиот екстремизам!