Обучени F-16 пилоти дури следното лето – Украинците се жалат
Украинските пилоти мора прво да посетуваат четиримесечни часови по англиски јазик во Обединетото Кралство, што го одложува почетокот на обуката во јануари, кој се очекува да трае шест месеци.
Првата група од шест украински пилоти не се очекува да ја заврши обуката за управување со борбени авиони Ф-16 во САД пред следното лето, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на изјави на украинските владини и воени претставници.
По серијата одложувања на обуката од страна на западните партнери во спроведувањето на програмата за обука за операција на софистицирани борбени авиони, Украина најверојатно ќе треба да издржи уште една година без американските ловци, пишува весникот.
Ова го одложува почетокот на обуката за јануари, кој се очекува да трае шест месеци. „Ова се нарекува одолговлекување“, рече еден украински функционер.
Украинските власти, кои го замислуваат Ф-16 како клучна алатка во долгорочната одбрана на земјата, очајни сакаа авионите што е можно поскоро да ги доведат до бојното поле.
Американскиот претседател Џозеф Бајден, откако повеќе од една година ги одбиваше украинските барања за Ф-16, во мај го смени курсот и рече дека ја поддржува идејата за обука на украински пилоти на авионите, како и трансфер на авиони од други земји. Данска и Холандија доброволно се пријавија да ја водат обуката, што ги зголеми надежите кај официјалните лица во Киев дека авионите ќе го бранат украинскиот воздушен простор веќе во септември.
Главниот воен командант на Украина, Валериј Залужни ги критикуваше западните земји дека очекуваат силите на Киев да спроведат контраофанзива од големи размери без модерна воздушна моќ.
Без борбени авиони како Ф-16, велат украинските власти, украинските сили не можат да напредуваат бидејќи руските хеликоптери успешно ги неутрализираат нивните копнени трупи.