АктуелноЛокално

Заклучно со вториот квартал, јавниот долг изнесува 8,337 милиони евра

  • Статус на Јулијана Штрковска Колариќ – Координатор на Левица – Сектор финансии и член на Централниот Комитет на Левица

Јавниот долг  постојано е во пораст, најмногу поради тоа што неспособната и корумпирана власт, годишно двојно повеќе нѐ задолжува, отколку што го враќа достасаниот долг.

Интересно е како го пресметува процентот на јавниит долг во однос на проектираниот БДП. Во 2021 година, БДП по тековни цени изнесува 11 690 милиони евра, а растот во 2022 и 2023 година е околу 2,1% (планиран е за 2023 година).

Според тоа, БДП во 2023 година со овој раст, би изнесувал 12 186 милиони евра и процентот на јавниот долг во однос на БДП би изнесувал 68,4%, а не 57,9%, како што објавило Министерството за финансии.

Ќе останат ли млади, работоспособни луѓе, за да го отплатат луксузното живеење на власта?