АктуелноЛокално

Коалицијата СДС-ДМПНЕ ја колабира физикалната терапија во Штип

  • Реакција на Левица – ЛО Штип

Огромен е бројот на реакции кои стигнуваат до Левица – Штип, а се поврзани со катастрофалната состојба во РЕ Физикална терапија со рехабилитација – Штип.

Според сведочењето на пациентите, но и на тамошните вработени лица, состојбата во Физикалната терапија никогаш не била полоша, од повеќе аспекти.

Застарената и амортизирана апаратура која е неопходна за ефикасно третирање на пациентите, поради дотраеност работи со капацитет од 30%.

Старите помошни реквизити на кои се вршат вежбите за пациентите, не се обновени повеќе од 40 години;

Пациенти со физичка попреченост се одбивани да се лекуваат поради тоа што лифтот во Физикалната терапија, веќе 4 месеци стои расипан;

Меѓучовечките односи помеѓу вработените се на најлошо можно ниво, а сето тоа поради лични хирови на поедини партиски локални шерифи.

Мобинг, реваншизам и омаловажување се секојдневие кое ги демотивира вработените да си ги извршуваат чесно своите обврски;

За просторните услови не треба ни да се коментира. Нехигиена и искршени врати денес се заштитен знак на некогашниот Штипски бренд Физикална терапија – Штип.

СДС го раскрчмува македонското здравство, а ДПМНЕ тивко тоа го премолчува, што ги прави верни соучесници во распадот на јавното македонско здравство.

#УништеноЈавноЗдравство