Исмаил: Досега на народот му се кажуваше она што мора да го слушне – Левица го промени тоа
- Став на Реџеп Исмали – Член на Президиумот на Левица, по однос на говорите и ставовите кои ги зазема левица на политичката сцена
Апасиев ко гажувал она што народот сакал да го слушне?! Wow! И…? Измисливте проѕирно пенџере, бравос. А и да е така, сепак вие до толку сте заглавени во мрежата на западната идеологија што не ни знаете воопшто што народот сака да слушне!
Досега, на народот му се кажуваше се она што тој мора и може да го слушне, НО не и она што треба да го слушне. Информациите кои ги симулирате, во трепет од стравопочитта и стаписаноста пред НАТОвските џелати, вие го пренесувавте истиот страв и апатија кон масите симулирајќи ги истите информации. Стравот и покорот кој го имате пред евро фундаменталистите ја проголтува информацијата и со тоа комунникацискиот канал кој го воспоставувате со народот се претвара во амбис кој ги голта содржините на самата информација!
Наместо да произведете смисла вие исцрпувате со сценирање на смислата, и сега ви се чини дека Апасиев, а и општо Левица, е просто бесцелно популистичка, па демек сме кажувале тоа што народот сакал да чуе. Она што не го разбирате очигледно е тоа дека не е баш така лесно и да се дознае што навистина всушност народот сака да слушне.
Башка, одамна помина времето каде немаше никаква конкуренција на западно-центристичката интерпретација на реалноста. Левица е збир на луѓе кои долги години наназат напорно работеле во десимулација и автентично-левичарска интерпретација на она што му се случува на народот во Македонија, па редно е земјата да роди и по некој плод.