Наместо капитални инвестиции Муцунски плаќа милиони на Анѓушев
- Реакција на Левица – ЛО Аеродром
Општина Аеродром се задолжи со зелена обрзница од пет и пол милиони евра поради недостиг на пари за капитални инвестиции, бидејќи градоначалникот Тимчо Муцунски плаќа милиони за компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“ на Кочо Анѓушев.
Општина Аеродром во април (24.04.2023) има склучено договор за набавка на електрична енергија за ЈП за стопанисување со јавно осветлување во вредност од 35.400.000,00 денари, на кој стои потписот на в.д. директорот Благоја Ѓорѓиевски. Во мај (13.05.2022), пак склучила договор за набавка на електрична енергија за потребите на Општината во вредност од 36.200.040,00 денари, на кој е потпишан градоначалникот Тимчо Муцунски. Вкупно Општина Аеродром исплатила 71.600.040,00 денари на фирмата на Кочо Анѓушев.
Градоначалниците на ВМРО без проблем ги негуваат добрите деловни односи помеѓу Мицковски и Анѓушев. За таа цел градоначалници од ВМРО од општините „измолзиле“ дури 389.943.936 денари народни пари префрлени на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“.
Наместо овие пари да одат за капитални инвестиции како школи, градинки, улици, паркови итн. овие пари завршуваат во џебовите на поединци, додека општина Аеродром се задолжува со милионски суми со превисоки камати поради недостиг на финансиски средства.