АктуелноЛокално

Иницијативата „Дневен центар за лица со попреченост“ на Левица пред Советот на Град Скопје

Денеска, на 32-рата Седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред ќе се најде Иницијативата за отворање на дневен центар за лица и деца со попреченост на територијата на град Скопје. Иницијативата е поднесена од Советничката група на Левица.

Причината за отворањето на ваков дневен центар е тоа што лицата со попреченост се лица кои што поради специфичната здравствена состојба во која што се наоѓаат имаат потреба од посебен вид на нега и згрижување, а  еден од начините на давање нега и згрижување е токму отворањето на дневни центри за таа намена.

„На денешната Седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред ќе се најде нашата Иницијатива за отворање на дневен центар за лица и деца со попреченост на територијата на град Скопје.

Отворањето на ваков дневен центар е многу важно затоа што овие лица имаат потреба од посебен вид на нега и згрижување, а еден од начините на давање нега и згрижување е токму отворањето на дневни центри за таа намена.Оттука, ги повикуваме сите

Советници во градското собрание да ја поддржат оваа иницијатива со цел заедно да придонесеме во подобрување и исполнување на секојдневието на лицата со попреченост во градот Скопје.“