АктуелноЛокално

Мојсоска: Комитите на батерии седат на иста маса со учките кои зимаат плата, не одат на работа и се закануваат со војна

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсовска со жестока реакција за фотографијата на градоначалникот на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски со кланот Дардишта, средба на која е договорена блокадата на Комуналното претпријатие во Скопје.

Потсетуваме, пред неколку дена се објави список од членовите на семејството Дардишта кои се на платен список, но не одат на работа, дополнително, ова семејство е познато по изјавата на Шкодране Дардишта, која во тој момент беше директорката во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком, позната по заканата за војна со „чизмите од таванот“. За многумина е нејасно, зошто и каква соработка имаат патриотите и функционери од ДПМНЕ, со луѓе за кои е општо познато дека се од структурите на УЧК.

Мојсовска ја сподели објавата од фејсбук страницата „Трета опција“ на која пишуваше: „Комитата од Али експрес ДАРКО КОСТОВСКИ сликан со учките Дардишта што го блокираа Комунално. Дардишта е клан на Учки ухлебан во сите општини“. Генералниот секретар на Левица имајќи во предвид со кои луѓе седи на маса, Костовски го нарече „комита на батерии“.

-Комитите на батерии се ставија во одбрана на кланот ДАРДИШТА. Бујар Дардишта (директор на ЕСМ) е адвокат на Диво Насеље, а Шкодране Дардишта е учката која се закануваше со војна. Мизерија!