АктуелноЛокално

Водата е повредна од златото

  • Став на Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор – по однос на концесијата на т.н. „Рудници на смртта“ од страна на Владата на СДСМ и ДУИ

Во 1980-тите и 90-тите, Светската банка започна да го промовира рударството како пат кон развој и решение за екстремната сиромаштија и разорните влијанија на вооружените конфликти.

Потпишувањето на мировните договори во Централна Америка во 1990-тите донесе надеж за мирна транзиција кон демократија. Но, младите демократии почнаа да се распаѓаат во раните 2000-ти под тежината на неолибералните економски реформи наметнати од меѓународни финансиски институции како Светската банка.

Политиките за структурно прилагодување се обидоа да ја олеснат приватизацијата на државните индустрии и услуги, проследено со отворање на економијата за странски инвестиции во областите на комуникациите, банкарството и производството. Сè повеќе овие политики исто така вклучуваа и концесии на големи територии за екстракција на суровини, производство на енергија и монополизација на земјоделски стоки за глобалните пазари.

Заедниците погодени од рударските проекти се организираа во опозиција против екстрактивниот модел, бидејќи на свој грб ги почувствуваа неговите тешки социо-еколошки влијанија.
Рударството е екстремно водоинтензивна индустрија . Водата се користи за преработка на руда и за сузбивање на прашината, што доведува и до недостиг и контаминација на водата.

Рударството влијае на пристапот на локалните заедници до вода за пиење, наводнување и одгледување на земјоделски култури.

Зад штетните влијанија на рударството и зад рударските компании стојат влади кои даваат поддршка и што се залагаат за неолиберална агенда без грижа за нашата животна средина.
Како што движењата против рударството во Централна Америка добија поддршка од народот во регионот, тие формираа стратешки национални и регионални сојузи и постигнаа важни победи во регулирањето, па дури и во стопирањето на инсталирањето рударски проекти.

Во Гватемала, три големи рударски проекти беа суспендирани откако одлуките на Уставниот суд утврдија дека тие се инсталирани без соодветна консултација и согласност од локалните домородни заедници.

Во 2017 година, законодавниот дом на Ел Салвадор донесе историска национална забрана за секакво ископување метали по 12-годишна борба во која беа убиени најмалку седум рударски активисти . Рударската компанија Pacific Rim, подоцна во сопственост на OceanaGold, продолжи да ја тужи земјата во меѓународните судови поради загуба на потенцијалниот профит. Но тужбата им беше одбиена, народот си ја поврати земјата во своја сопственост.

Новата влада на Ксиомара Кастро де Зелаја во март 2022 година објави дека ќе го забрани ископувањето на отворен коп во Хондурас.

За народот од Централна Америка, Водата е повредна од златото. Неолибералната агенда која ја уништува животната средина заради профит, локалните домородни заедници и движењата за еко активизам едногласно ја отфрлија. А тужбите од рударските корпорации не значат ништо кога народот е власт во државата.

По примерот на народот и еко активистите од Централна Америка, да се обединиме и да ја отфрлиме неолибералната агенда на злосторничките власти на СДС-ДУИ-ДПМНЕ, кои впрегнати во одбрана на странскиот капитал сакат да ни ја уништат нашата здрава природна средина и да извршат егзодус над нашето население.

Сабота, 15.7.2023, 11 часот, Струмица.