АктуелноИнтернационално

Платеник во Украина – Очекуваниот животен век на фронтот е околу четири часа

Конфликтот во Украина привлече илјадници странски платеници, мотивирани од славата и според Кремљ, шансата да „заработат пари со убивање Словени“. Сепак, оние кои имаа среќа да се вратат живи, престојот на фронтот го опишаа како пеколен и многу краток.

Три дена откако руските трупи влегоа во Украина минатиот февруари, украинскиот претседател Владимир Зеленски упати апел до странците кои се подготвени да земат оружје против силите на Москва да се пријават во нивните амбасади. Потенцијалните регрути ги посетија амбасадите ширум Западот и се пријавија да се борат – често со благослов на нивните влади – и тргнаа на бојното поле.

Украински војници присуствуваа на проштална церемонија за американски војник во Киев

Загубите беа моментални и ужасни. Садмо две недели по апелот на Зеленски, во руски ракетен напад врз тренинг центар во Јаворив, во близина на полската граница, загинаа 180 странски платеници, чија позиција, наводно, била објавена на социјалните мрежи. 

Од првичните регрути кои го преживеаја нападот, еден Британец раскажува како неговите украински команданти „испраќале необучени момци на фронтот со малку муниција. Објавувајќи на Редит, Британецот ја опиша „Меѓународната легија“ на Украина како недоволно вооружена и управувана од „неколку луди украински лидери“. 

Набргу потоа, Меѓународната легија почна да регрутира странци со воено искуство, а приливот на западно оружје го ублажи проблемот со опремата. 

Канадски платеник за CBC News изјави: „Имам еден збор со кој можам да го опишам чувството, а  тоа е – пекол“, „Секој ден имате жртви, секој ден ги убиваат вашите пријатели“, објасни тој, додавајќи дека повеќето од неговите мисии во регионот на Донбас вклучувале извлекување тела во борбите од претходниот ден.

За ветераните од американските војни на Блискиот Исток, адаптацијата на непријател како Русија се покажа потешко од очекуваното. 

Австралиски платеник кој се бореше против силите на групата Вагнер во Бахмут ја опиша руската приватна воена компанија како сличен противник на која било друга модерна западна војска, додека неколку Американци објавија дека руското гранатирање е толку интензивно што го немаат доживеано во ниедна од нивните претходни борбени искуства.

Поранешен американски маринец за ABC News ќе каже: „Артилеријата бие без престан, константно. Цел ден и цела ноќ. Очекуваниот животен век на фронтот е околу четири часа“.

„Ова е мојата трета војна во која се борев, и ова е убедливо најлошата“, изјави друг поранешен маринец за Дејли Бист  минатата недела.  

И оние кои се  зад линијата на фронтот имаат големи шанси да бидат убиени. Околу 20 странски платеници, вклучително и неколку Колумбијци и најмалку еден Американец , загинаа во руски ракетен напад врз привремена база на бригадата во градот Краматорск во Донбас минатиот месец. 

„Ако откриеме групирање на странски војници, на пример како во Краматорск, ќе ги уништиме, бидејќи тоа се луѓе кои ни објавија војна“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по нападот.

Според руското Министерство за одбрана, до април 2022 година во Украина дејствувале нешто помалку од 7.000 странски платеници од 63 земји. До мај оваа година тој број падна на 2.500. Не е јасно колку странци се убиени, заробени или дезертирани од април минатата година. 

За оние кои се живи заробени, ситуацијата не е воопшто лесна. Платениците немаат право на никаква заштита според Женевската конвенција, како што открија британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер кога беа заробени од силите на Народната Република Доњецк минатата година и осудени на смрт. Додека и двајцата на крајот сепак беа вратени со размена на затвореници.  

Руското Министерство за надворешни работи ги потсети потенцијалните доброволци дека „платениците испратени од Западот да му помогнат на националистичкиот режим во Киев… немаат право на статус на воен заробеник според меѓународното хуманитарно право .“