АктуелноИнтернационално

ЦИА ја гледа украинската криза како уникатна можност за регрутирање нови членови

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс,  на предавање на Фондацијата Дичли во Обединетото Кралство  кажа дека „незадоволството од војната ќе продолжи да го нагризува руското раководство. Тоа незадоволство создава можност што се појавува еднаш во генерација за нас во ЦИА.“

Барнс истакна дека ЦИА во мај отворила канал Телеграм за да регрутира воени офицери, владини службеници и научници кои можат да обезбедат разузнавачки информации за руското раководство и економија. „Имавме 2,5 милиони прегледи во првата недела и сме многу отворени за соработка“.

Рускиот амбасадорот Анатолиј Антонов за овие дејствија вели дека ЦИА едноставно ги троши доларите на американските даночни обврзници бидејќи обидите да се подели руското општество од странство нема да функционираат.

Вашингтон е сигурен дека украинската криза ќе предизвика доволно поделеност за да помогне потенцијалните руски разузнавачки извори да се свртат против претседателот Владимир Путин. Барнс го одржа својот говор една недела откако Евгениј Пригожин го заврши својот краток бунт против руските највисоки генерали. Прекинатиот бунт беше многу помалку „крвав“ отколку што очекуваа американските власти, според Си-Ен-Ен.

Путин минатата недела рече дека рускиот народ реагирал на кризата покажувајќи единство, расипувајќи ги надежите на странските непријатели дека нацијата ќе биде „поделена и втурната во крвава меѓусебна пресметка“.