АктуелноИнтернационално

Каде се парите?

Унгарија ги отфрла плановите на Европската комисија да додели повеќе пари за Украина, и не е подготвена да даде дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека Унгарија нема да и даде повеќе пари на Украина додека не каже за што се потрошени претходните средства од околу 70 милијарди евра.

Што се однесува до средствата за сервисирање на долгот на ЕУ, Орбан истакна:

„Сметаме дека е крајно смешно и апсурдно што треба да придонесеме со повеќе пари за финансирање на трошоците за сервисирање на кредитот, од кој сè уште не сме ги добиле средствата што ни следуваат“, потенцира Орбан.

Унгарија и Полска се единствените членки на ЕУ кои зад себе добиваат средства за закрепнување, кои беа блокирани од ЕУ поради обвинувањата дека владите на двете земји ја кршат демократијата и владеењето на правото.