АктуелноИнтернационално

Специјалците на Курти се пуштени да се бранат од слобода

Тројцата припадници на полицијата на Косово, кои беа уапсени длабоко во територијата на Србија на 14 јуни, ќе се бранат од слобода, откако судот во Краљево го потврди обвинението против нив.

Иако српските власти по апсењето изјавија дека тројцата уапсени се пронајдени на територијата на централна Србија, каде што, земајќи ја предвид опремата пронајдена кај нив, планирале терористички акт, за тоа нема да им се суди. Како што веќе беше наведено во одлуката на судот во Краљево, наместо за обид за тероризам, на специјалците ќе им се суди за недозволено поседување оружје.

Сите тројца уапсени биле во целосна воена опрема, вооружени со три автоматски пушки, муниција, мапи, ГПС уреди и друга опрема.

Премиерот на приштинските привремени институции, Аљбин Курти, објави дека е среќен што неговите специјалци се ослободени и уште еднаш ја обвини Србија за киднапирање на полицајци кои биле од другата страна на административната линија.

„Иако сме среќни што се вратија кај своите семејства, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да биде опоменето. Српската агресија мора да биде казнета“, напиша Курти на Твитер.