АктуелноИнтернационално

И покрај сите санкции Русија влезе меѓу десетте најголеми економии во светот

Врз основа на резултатите од минатата година, Русија се врати во првите десет најголеми економии во светот, што се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.

Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да го заземе осмото место во светот според овој индикатор. Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 трилиони долари.

Најголеми економии во светот се:

  1. САД со номинален БДП од 25,46 трилиони долари.
  2. Кина со 17,94 трилиони долари
  3. Јапонија со 4,17 трилиони долари.
  4. Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 трилиони долари,
  5. Индија со 3,4 трилиони долари,
  6. Обединетото Кралство ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари,
  7. Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.
  8. Русија со 2,3 трилиони долари
  9. Канада со БДП од 2,14 трилиони долари,
  10. Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари.

Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција.