АктуелноИнтернационално

Бугаризација на Македонците во Албанија – Албански државни службеници доделуваат бугарски пасоши

На 4 јуни 2023 година на својот ФБ профил претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за националните малцинства во Албанија, Милена Селими објави дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.

На објавената фотографија, се гледа дека освен Милена Селими на средбата присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.

Во Албанија општопознато е дека трговијата со бугарски пасоши е исклучително вносен незаконски бизнис. Имено, македонските жители од Албанија се‘ почесто се решаваат својата крајно неповолна економска положба да ја заменат со пат кон Европа, плаќајќи големи суми пари за бугарски пасош.

Но, спомнатите две лица, едната како претставник во Комитетот за националните малцинства и, вториот, како секретар во Општина Булќиза, за својата работа се платени од буџетот на албанската држава. Затоа нејасно е како државни службеници се впуштиле во скандалозно застапување за побрзо добивање на бугарски пасоши, што претставува учество во криминална активност, потоа директно мешање во внатрешните работи на албанската држава, како и внесување на етничка нетрпеливост сред населението во Голо Брдо. Имено, според реакциите на пофалбената објава на Милена Селими, видливо е дека бројни се реакциите дека во Голо Брдо нема Бугари.

Следствено, со својата скандалозна активност Селими и Бала настојуваат да внесат национална нетрпеливост сред населението и да предизвикаат тензии во областа Голо Брдо во Албанија, во која насилно сакаат да прикажат постоење на бугарско малцинство. И сето тоа преку безкрупулозна трговија со бугарски пасоши.