Изложба ,,Бесконечни нишки,, на рачни изработки во НУ Музеј Гевгелија
Денес (понеделник) со почеток од 19 часот во Уметничка галерија АМАМ во склоп на НУ Музеј Гевгелија ке се отвори изложбата ,,Бесконечни нишки,, составена од рачна изработка на STRING ART и плетени ракотворби од вуница и памучен конец.
Делата се изработени од авторката Зорица Зока Ризов родена 1972 година во Тетово. Сопруга и мајка која живее и работи во Гевгелија од 2012 год. Будењето на мајчинскиот инстинкт и раѓањето на родољубивите чувства, длабоко вкоренети во нејзината душа, издигнале камен темелник, инспиративен и уметнички порив и завземале стожерно место во нејзиното творештво.
Стринг уметноста го има своето потекло од активностите на “кривиот шев”, измислени од Мери Еверест Бул на крајот на 19 век за да ги направи математичките идеи подостапни за децата. Бил популаризиран како декоративен занает во доцните 1960-ти преку комплети и книги.
Целиот концепт го сочинуваат едноставни алатки и материјали: дрвена табла, конци и клинци.Клинците се удираат во дрвената даска во посебна шема. Конецот за врзување потоа се користи за да се следи моделот и да заживее дизајнот. Конецот ќе се замота околу клинецот за да го пополни празниот простор што резултира со навидум сложена креација. Неговата детална природа може да доведе до тоа да се верува дека стринг уметноста е ексклузивна за искусни уметници со големо знаење, кои преку создавањето на сложени дизајни, претвораат даска од дрво во уметничко дело.