АктуелноИнтернационално

Најголемата колекција на антички бронзени статуи некогаш пронајдени во Италија, ке бидат изложени во римската палата Квиринале почнувајќи од 22 јуни

Италијанските археолози го поздравуваат неодамнешното откритие како „најисклучително“ во последниот половина век. Тие веруваат дека тоа би можело да ја смени историјата на односот помеѓу етрурската и римската цивилизација.

Во период од неколку недели во септември и октомври, тим археолози откопа дваесетина бронзени статуи на човечки фигури, стари повеќе од 2.000 години совршено сочувани во врелата кал и водите на антички, свет базен.

Локалитетот се наоѓа во близина на топлите извори на тосканскиот град Сан Касијано деи Бањи во провинцијата Сиена, еден од многуте живописни градови на врвот на ридот над бујните зелени долини прошарани со величествени чемпреси.

Тогаш, Стефано Петрини, историчар аматер и пензиониран ѓубреџија од соседството, се сетил дека еднаш видел траги од антички римски столбови, години пред тоа, додека стоел во градината што му припаѓала на неговиот пријател, локалниот бакал. Колоните што ги виде Петрини биле видливи само од таа градина, која беше спроти местото каде што копаа археолозите.

Врвот на ова откритие, според извештајот, била статуа од 89 сантиметри на болно момче кое се чинело дека боледувало од некаква болест на коските, испишано со името „Марсиус Грабило“.

Во третиот век пр.н.е. на ова место древните Етрурци изградиле светилиште кај локалните топли извори, по кои подоцна му го дале името на градот.

Етрурците живееле и напредувале 500 години во она што денес е централна Италија – регионите Тоскана, Умбрија и Лацио – пред формирањето на Римската Република во 509 п.н.е., откако последниот етрурски крал кој владеел со Рим бил тргнат од власт.

Римската уметност и култура биле под големо влијание на етрурската цивилизација, која на крајот била асимилирана во Римската империја.

Долината веднаш под градот има 42 извори кои обезбедуваат еден од најголемите текови на термална вода во Европа, вели Лудовико Салерно, член на локалното археолошко здружение кое учествувало во работата на ископувањето.

Почнувајќи од 2020 година, финансирани од општината Сан Касијано деи Бањи, археолозите откопаа голем мермерен базен на античкото светилиште. Бил украсен со фонтани и олтари на боговите Аполон, неговиот син Асклепиј и ќерката на Асклепиј Хигеја – чие име е коренот на зборот хигиена.

Етрурците ја превземале својата религија од Грците, а клучните елементи на етрурската религија подоцна биле превземени од Римскиот Сенат.

Кога Римјаните подоцна го прошириле светилиштето и го направиле побогато, историчарите велат дека чест посетител бил императорот Август.

Првите наоди биле монети и мали заветни приноси кои ги претставуваат деловите од телото на кои им е потребно лекување – уши, стопала, торзо и слично.

Статуите стари 2000 години, по месеци чистење и реставрација, ќе бидат изложени во римската палата Квиринале почнувајќи од 22 јуни. „најголемата колекција на антички бронзени статуи некогаш пронајдени во Италија“ кои ќе ја препишуваат историјата.

Емануеле Мариоти, раководител на проектот „Сан Касијано“, е сигурен дека ќе бидат откриени уште повеќе бидејќи локалитетот продолжува да се ископува. „Само што го кренавме капакот“, изјави тој.