Шолц, Борел и Макрон побараа нови избори на северот од Косово и Метохија
Франција и Германија ги повикаа Белград и Приштина да организираат нови избори што е можно поскоро во општините на северот на Косово и Метохија, каде што се појавија тензии, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, по разговорите меѓу него, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел одржан со претседателите на Србија и на Косово од Александар Вучиќ и Вјоса Османи на маргините на состанокот на Европската заедница во Молдавија.
Макрон рече и дека европските претставници побарале да се разјаснат изборните правила за следните избори, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.
Францускиот претседател додаде дека тој и германскиот канцелар Шолц им дале на двете страни една недела да одговорат на нивните предлози.
„Секоја страна ќе се консултира и ќе се врати следната недела со јасни одговори“, рече Макрон.
Освен нив, Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, исто така побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство.
Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговарал за „опасната ситуација на северот на Косово“.
„Имаме три јасни барања, а тоа се нови локални избори веднаш, обезбедување учество на косовските Срби во изборниот процес, почеток на работа за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ…Доколку тоа не се направи, ќе има сериозни последици за нашите односи“, додаде тој во соопштението по синоќешната средба со претседателите на Србија и Косово на маргините на состанокот на европската политичка заедница во Молдавија.