ЕУ и САД против демократијата во Македонија ја поддржуваат бугаризацијата
- Реакција на Политичката партија Левица
Демократијата како систем на управување промовиран и застапуван од ЕУ и САД, согласно кој таа е општествено уредување каде што врховната моќ му е дадена на народот, во односот кон Македонија не важи!
САД и ЕУ не ги интересира фактот дека Македонците не ги поддржуваат наметнатите уставни измени, кои произлегоа од т.н. Француски предлог, кој е клучниот документ на Софиската Платформа, преку која се врши бугаризација на Македонија. За ваквата состојба сведочи заострената реторика на претставниците на САД и ЕУ, кои наместо да се заложат за застапување на демократијата и народната волја, тие вршат ПРИТИСОК на државните институции предводени од октроираниот премиер, да донесат одлуки спротивни на државниот интерес.
Левица претходно многупати укажа дека наметнатите договори за „добрососедство“ со Грција и Бугарија беа донесени спротивно од резултатите искажани на демократскиот референдум и народната волја, каде квинслиншката Влада (водејќи се од своите лукративни интереси) одлучи да ја доведе државата во подредена позиција.
Повикувањето за уставни измени и наметнувањето заканувачка реторика, во која демократски искажаната народна волја се оценува како анти-евроспка, во услови кога 80% од Македонците се против уставните измени, речиси идентично како кога се потпишува штетните договори e повик на САД и ЕУ директно против демократијата и волјата на Македонците.
ЕУ и САД треба да разберат дека Македонија е земја која има потреба да се градат односи базирани на взаемно почитување и уважување на македонскиот народ. Ваквата форма на притисоци кои се прават врз државните институции да носат одлуки спротивно на народната волја не се демократски, туку се амбасадократски.
Левица ја повикува домашната октроирана квислиншка политичка елита, да не биде пиун и еднаш да застане во интересот на својот народ, во интересот на народот од кој добива 78% повисока плата и наместо да се ветува по странските амбасади за уште едно национално предавство, да застане зад демократијата и вистински да ги претстави интересите на својот народ!