АктуелноЛокално

( Видео) Со законот за експропријација ДУИ и СДС криминалот и корупцијата ги презентираат како јавен интерес

  • Пратеникот на #Левица, Борислав Крмов, заПредлог-законот за експропријација за „Бехтел и Енка“.

„Пред нас е четвртиот закон во редицата закони за „Бехтел и Енка“ кои не добија европско знаменце, но сепак се најдоа пред Комисијата за европски прашања.

Министерот за финансии мора да знае дека со неговиот потпис на овој закон е направено кривично дело и за тоа кривично ќе одговара.

Имаме градење на автопат од 110 км, каде првичната проценка беше помеѓу 500-800 милиони ЕУР, за сега да стигнеме до 1. 300 милиони ЕУР, а можеби и повеќе.

Поимот „стратешки интерес“ не е јасно дефиниран; како е можно коруптивен договор во четири очи со странска компанија да биде стратешки интерес.

 Зошто баш овие две делници (8 и 10 Д) се од стратешки интерес за ДУИ?!

Ефектот од овие законски измени внесуваат правна несигурност кај граѓаните, кои и онака се чувствуваат правно несигурно во ваше владение. Додека тие се тужат со власта, имотот ќе им се одзема насилно и врз нивниот имот ќе се гради.

Кога би добиле правосилна одлука, за оние коишто ќе сакаат да си ги вратат своите имоти, државата, односно оној којшто дал предлог за експропријација, има рок од 15 дена да им го врати во владение објектот, (ако воопшто постои) и да им се надомести штетата.

Нејасно е како во законот стои дека нема да има нови импликации кон буџетот, додека апсолутно ќе има, а цената на овие 1. 300 милиони само ќе расте.

Луѓето кои насилно ќе бидат избркани од нивните имоти на трасата, треба да добијат 12 месеци покриени трошоци од државата за кирија/сместување, плус шест месеци, доколку тие побараат. Но, познавајќи ве вас, овде се остава простор за злоупотреба. Секако, ова се дополнителни трошоци по буџетот, трошоци коишто не се наведени во предлог-законот.

Со овој предлог-закон не се прави ништо суштински, освен криминалот и корупцијата со тајните договори коишто не ги покажувате, ги кревате на ниво на јавен интерес.