АктуелноЛокално

Ванковска: Намесникот Гир Македонците ги множи со нула

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија.

Од пријател кој не е на јавно, но има силни поенти штипкања.

Нула – Нешто повеќе од 56% од граѓаните и речиси 3/4 од Македонците се противат на внесувањето на бугарите во Уставот … а намесникот Гир ги множи со нула и бара брзо менување на Уставот!

Знак 1 – Европскиот парламент работи на резолуцијата за Нордистан, а бугарските европратеници поднеле 320 амандмани … се разбира, како знак за добрососедство…

Знак 2 – На иста тема, некој бивши бугарски клапчо ќе рече дека Бугарија ќе може уште 35 пати да го блокира Нордистан и да ги запре преговорите … уште еден прекрасен знак за добрососедство.

Скок – Битиќи, владин џабалебар, се пофали дека просечната плата во државава достигнала рекордни 34.925 денари … откако неговата скокна на 125.000, малце е лицемерно да збори за “рекорди”!

Име – Ако законот за Бехтел и Енка е над Уставот, а договорот со Бехтел и Енка бара измени на осум закони … зошто пустелијава не се вика Република Бехтел & Енка!