АктуелноИнтернационално

Руски камикази уништија британски ракети со осиромашен ураниум

По бомбардирањето на магацин во градот Хмелницки, во западна Украина, се појави информација дека во магацинот има муниција со осиромашен ураниум, која Велика Британија ја испратила во Киев во април.

Во раните утрински часови на 13 мај, руската авијација бомбардираше складиште за муниција во градот Хмелницки, кој е и административен центар на истоимената област. Првично, локалните медиуми објавија дека руското беспилотно летало камиказе погодило само складиште за гориво, но објавените снимки од силни детонации и експлозии, кои траеле неколку минути, укажуваат на тоа дека е погоден голем магацин со муниција и воена опрема. Објектот бил целосно уништен, како и единицата на Националната гарда на Украина која била ангажирана да го заштити.

Дополнителна паника кај населението предизвикаа патроли од единицата АБХО (атомска, биолошка и хемиска одбрана) во градот, како и отсуството на официјални информации. Според локалните украински медиуми, патролите почнале да ја мерат радијацијата на градските улици со помош на специјална опрема. 

Забележано е зголемување на гама зрачењето од 80-100 на 140-160 единици. Имајќи предвид дека осиромашениот ураниум емитува релативно мала доза на гама-зрачење, сегашното зголемување покажува дека е уништена многу голема залиха муниција, која испушта ураниумска прашина во воздухот, која ќе ја контаминира и водата и почвата.

Луѓето се во паника и  бегаат од сите области каде што се наоѓаат украинските воени единици и магацини со оружје.