АктуелноЛокално

Пустош, наместо нови работни места – Индустриска зона Кратово

  • Реакција на Левица ЛО Кратово

Уште во ноември 2014 година, тогашниот вицепремиер и министер за финасии, Ставревски, најави дека се’ е подготвено за пуштање во употреба на новата индустриска зона во Кратово.

На 28 октомври 2015 година, на седница на тогашната влада е донесена одлука со која на површина од 65.715 м2 и официјално е основана Индустриската зона „Кратово“, а за која тогашната Влада издвоила милионски суми на средства.
Речиси 10 години подоцна, иако сите услови се исполнети, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, како оператор кој е надлежен да стопанисува со ИЗ „Кратово“ шајка нема заковано на посочената локација.

Дотолку повеќе разочарува и фактот што поради егзистенција голем број граѓани од Кратово се принудени со часови да патуваат до најблиските фабрики во Куманово, Пробиштип и Штип, а постоечката индустриска зона која е на само 5 км од Кратово стои обрасната во трева.

Од друга страна, ИЗ „Кратово“ е една од најатрактивните зони во Македонија, која се наоѓа на регионалниот пат на 5 км од Кратово и на само 10 км од меѓународниот пат Скопје, Куманово, Р. Бугарија и до истата има цевковод со плин, трафостаници, водовод и канализација. Зоната е замислена да биде во категорија зелени зони, со предвидена изградба на фабрика со површина од 22.000м2.

Левица апелира да престанат бирократските игри кои се главната причина за очајната состојба во ИЗ „Кратово“ и државата да се потруди и да изнајде начин на жителите на Кратово да им бидат обезбедени работни места.