АктуелноИнтернационално

Ердоган во водство, но вториот круг се поизвесен

Како што пристигнуваа резултатите од различни делови на земјата, разликата во гласовите помеѓу двата најсериозни кандидати се повеќе се намалуваше.

Врз основа на преброените 91 отсто од гласовите, поддршката за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган падна на помалку од 50 отсто (49,86 отсто), пренесува ТАСС, што значи дека е можно да се одржи втор круг од изборите.

Неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу освои 44,38 отсто од гласовите, додека околу пет отсто од гласачите гласаа за Синан Оган.

На парламентарните избори коалицијата на Ердоган освои околу 50 отсто од гласовите, додека опозицијата 34,12 отсто.

Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган освои 35,92 отсто од гласовите, додека Републиканската народна партија (ЦХП) на Киличдароглу 24,69 отсто од гласовите.