АктуелноЛокално

11 матуранти и 22 профеости на гимназиското табло во Македонски Брод

На матурското табло на гимназијата „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод годинава има повеќе наставници од ученици. Фотографијата која се споделува на „Твитер“, покажува дека во градот има само 11 матуранти годинава за разлика од 22 професори кои предаваат во училиштето.

Ваквата состојба неминовно е последица на огромното иселување од една страна и слабите образовни политики од друга страна, кои ги тераат децата уште при запишувањето на средно образование да се иселат од родните градови и среќата да си ја бараат во поразвиените места.

Состојбата на намалување на бројот на учениците во средните училишта е забележлива во секој од помалите градови во Македонија, а не ретко годинава можевме да слушнеме за огромна бројка на ученици испишани од основните училишта, поради иселување на родителите во странство.