АктуелноЛокално

Вархеји ја осуди забраната за влез на Ковачев во Република Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји се огласи со реакција по одбивањето на македонските гранични служби да им дозволат влез на петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев.

-Го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев во Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука, објави Вархеји на Твитер.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, Милен Врабевски и уште четворица други бугарски државјани им бил забранет влез во Република Македонија на граничниот премин Ново Село, потврдија во саботата од МВР за Инфомакс.

-Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија, меѓу кои се и двете лица за кои прашувате. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, велат од МВР.