Бомбардирањето на НАТО на кинеската амбасадата во Белград беше намерен акт на агресија
Бомбашкиот напад на кинеската амбасада во Белград, вечерта на 7 мај 1999 година, за време на агресијата врз тогашната СР Југославија, беше намерен и планиран чин, кој веднаш беше осуден од српските и кинеските медиуми, а не резултат на грешка, како што тврди американската страна.
Во тој напад загинаа тројца кинески новинари. Вкупно 20 лица беа повредени, а военото аташе на амбасадата е вратено во Кина во состојба на кома.
ЦИА соопшти дека нападот бил „грешка“ и дека агенцијата користела „лоши мапи“.
„Едноставно, еден од нашите авиони нападна погрешна цел, бидејќи податоците за бомбардирањето беа засновани на застарена мапа“, изјави тогашниот американски секретар за одбрана Вилијам Коен два дена по нападот, додавајќи дека вистинската цел била Федералната дирекција за трговија на Југославија.
„Кинеската влада и народот не можат да го прифатат заклучокот дека бомбардирањето било грешка“, беше став на кинскиот министер за надворешни работи кој му беше пренесен на американскиот претставник испратен во Пекинг во јуни 1999 година за да „објасни што навистина се случило“.
Тоа беше „објаснување“, во кое, властите на Народна Република Кина никогаш не поверуваа.
Кинеските државни медиуми го осудија чинот како отворено и дрско кршење на меѓународното право.
Пензионираниот полковник на Народноослободителната војска Ли Мингфу подоцна изјави дека „бомбардирањето на амбасадата е само еден во низата настани што докажуваат дека Америка водеше нова Студена војна против Кина“. „Тоа беше целосно намерно. Тоа беше целно, планирано бомбардирање, а не несреќа“, заклучи генералот.
Следниот ден илјадници луѓе спонтано излегоа на улиците на Пекинг и се собраа пред зградата на американската амбасада. Со камењата беа искршени стаклата на зградата во која се криеле неколку десетици вработени, меѓу кои и американскиот амбасадор Џејмс Сасер. Нападнати и уништени беа сите службени возила на амбасадата.
Потоа избувнаа протести, во уште десет поголеми градови во Кина. Демонстрантите излегоа на улиците на Шангај, а американскиот конзулат беше запален во градот Ченгду.
Протестите во Пекинг продолжија и следниот ден. Тие вклучија повеќе од 100.000 луѓе, кои се собраа во дипломатскиот кварт, фрлајќи со камења и јајца кон британската и американската амбасада.
Тогаш, во своето телевизиско обраќање, потпретседателот Ху Џинтао ги поддржа протестите.
Четврт век подоцна, на местото каде што се наоѓала амбасадата, никна Кинескиот културен центар, кој е единствен на Балканот и еден од најголемите во Европа. Во него се сместени Институтот „Конфуциј“, изложбени простори, деловни простории за кинески и српски компании, како и сместување за дипломатски и други делегации.
Кина никогаш не заборави дека НАТО брутално ја бомбардираше Сојузна Република Југославија за време на 78 дена агресија, што резултираше со смрт и ранување на илјадници цивили.