(Видео) Постои ли селективна казнивост од страна на полицијата?
- Обраќање на советникот од Левица Свети Николе – Александар Симонов
По протестот против т.н. француски предлог, за бугаризација на Македонија, што беше одржан на клучката кај Сарамзалино, кој помина мирно, на дел од протестирачите на домашна адреса им стигнаа казни и покани да се изјаснат во полициската станица за наводниот „прекршок“ – попречување на нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.
Имено, иако на протестот имало стотина автомобили, од нив на домашна адреса добиле казна само неколкумина, потпишани од различни полицајци, без претходно да им биде кажано за правење на било каков прекршок, бидат предупредени за дислокација или да го потпишат истиот прекршок.
Иако протестот беше организиран од повеќе политички партии, Сите лица кои добиле вакви „честитки“ биле позиционирани во групата на Левица, што го отвора прашањето: Постои ли селективност при изречување на казни заради протестите против т.н. Француски предлог?
За жал на Седницата немаше претставници на полицијата да одговоран на прашањето. Во прилог обраќањето на Советникот на Левица, на 28-мата Седница на Советот на Општина Свети Николе.