АктуелноЛокално

„За скопскиот газда“ – Исповед за како работодавач од Скопје ги експлоатира вработените

  • Текст објавен на фејсбук профилот на Пане Христопулос насловен „За Скопскиот Газда“ за тоа како работодавачот ги злоупотребува работниците и крши бројни закони во својата работа.

Сакам да се тргнам од ноќниот живот малку да одморам. На 29 јуни 2022 идам на разговор да почнам со работа на Топ Трејд бензиската. На 30 јуни почнувам со пробен период од некој ден. Ми дава саатница 80 денари  во КЕШ ( прва нерегуларност ) 160 работни саати пута 80 денари е 12.800. Добивам дневница у кеш као платата да е 12.800 кога у државава мора минимална плата да е 18.000.

После 4 дена на работа ја контам работата и барам да бидам ставен на распоред и да почнам со редовен работен однос. Побарав на 3ти Јули да бидам пријавен веќе дека официјално почнав со работа. Добив одговор ок ќе бидеш. На 1-ви август ми стига плата според договореното. На 3ти август идам сам да се пријавам у завод со дата од 1ви. Замисли работиш у фирма и мораш сам да идеш да се пријавиш. Сфаќам дека за јули не сум бил пријавен. На прашање у администрација у фирма ми викаат ти напраивме договор на дело без платени придонеси и осигурување и без да знам и  без да потпишам. Си викам батали еден месец не е битно. Им улетувам у фирмава коа немаат работници. Имаат двајца, еден 17 години и еден 19 години за преку лето вработени временски. Ради мене добиваат кворум и имаат услови  сите да идат на одмор. Крај на  септември законски не ми следи одмор ама ако сакаат ќе ти даат. Не барам и знам нема да добијам дека пак фалат работници зашто си отидоа ове децава сезонските. 30 декември прашувам дали ме им на список за К-15 и ми кажуваат администрација дека ме нема. Го прашувам газдава зашто? Ми одговара не исполнувам услов од 6 месеци и УЈП не дозволува. Ме изигра месец јули ваљда свесно за да немам полни 6 месеци работен сташ. Законот вика како што знам и прочитав: ако си вработен 6 месеци ти следува, ако си вработен макар и еден месец или зависи од газдата дали сака да ти даде, а смее. Има фирми на месец дена вработен кај што по нивна желба им даваат К-15 и после првиот изработен месец. Во фирмава работиме 80% со фирми што се секојдневно се на фактура, а остали КЕШ.

 Бензискава се наоѓа пред Бардовци чаталот. После Злокуќани е Ромското маало. Сите од таму секојдневно се на пумпа. Доста од тие луѓе се поштени и коректни ама има некоја група што секојдневно праи галама гледа да те изигра, да не ти плати нешто и да те превари. Смена преку ден некад сме држеле двајца еден у маркет на наплата и еден точи гориво надвор на пумпи кај што има 23 пиштоли за точење. 

У некој момент имало  и по 12-13 возила у исто време и немаш време у координација со колегата да знаеш дали некој платил или не. Влага некој како демек да плати внатре и некој зима цигари купува си иде и на крај на смена минус си. Све си плаќаш од џеб. Секој минус. Секоја грешка при враќање кусур или остало. Поентата е секојдневно си изложен на потенцијална превара што ако ја изедеш фората сам си плаќаш. Имаш камери иди барај ако најдеш снаоѓај се наплакај. Што и да датиш некој како те излажал не платил сам се расправаш што утрре може да дојде до личен проблем со некои од тие и имаш проблем со нив и на работа и надвор од неа. Фирмата не стои позади тебе да ги решаваш проблемите. Си има компјутерски систем и на крај на смена мора да се раздужиш и предадеш колку треба и колку ти бара компјутер. Секој минус од џеб се плаќа. У 8-9 месеци сум платил заедно со колегата 15-16.000 денари пута два и јас и он. Ова све го опишав за да сфатите на крај зашто дојде до ова.

НЕРЕГУЛАРНОСТИ И НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ФИРМАТА СЕ.

1. Пријавени сме дека работиме по 8 саати дневно во договорот што го видов и потпишав. Работиме по 12 саати дневно. Два работно два слободен два работни. 48 саати неделно е тоа.

2. Имаме фиксна плата секој месец иста. Не ни се платени работни ноќни смени, празници и недели според законот како треба да бидеме платени.

3. Незаконски секоја вечер се точи плин у боци. Од септември не е дозволено секоја пумпа да точи.

4. На секоја пумпа пишува забрането точење во канти. Секојдневно се точи многу гориво во канти, шишиња и други предмети.

5. Можам да кажам и дека има менувачница за Евра на пумпата. Секој може да плаќа со евра. И тоа секој ден се дешава и има во промет.

6. Во склоп на пумпата има продавница за алхохол под друга фирма во објектот до пумпата кај што се продава алхохол од страна на вработените после работно време. Клучот стои во маркетот во пумпата. И таму се наплаќа без сметка после работно време се плаќа со евра итн. Газда на таа алхотека е братот на овој главниот газда.

7. Одмори има 10 дена летен и 5 дена зимски што мислам дека повеќе следува законски.

8. Имаше ситуација во месец Март кај што дојде еден лик на проба беше цел месец фебруар и беше платен кеш, а веќе следниот месец знаеше дека е пријавен и осигуран здравствено и придонеси. Таткото на газдата многу љуби да ги малтретира вработените и да ги ангажира за работни обврски кои не се во склоп на работата која што треба да ја вршат. Ова е секојдневно ангажирање и малтретирање да чистат дигаат и преместуваат све и свашта. Го викнал во магацините доле да преместуваат и дига нешто. Носел големи лимови и ја исекол раката лошо. Се преврзал и побарал превоз до болница од братот на газдата и тој газда нормално. Тој газда и на продавницата за алхохол. Му рекол може да се задржиш некој саат и немам јас време да седам и да те чекам цел ден. Вработениот заминал сам. Коа завршил со преврска инекција тетанус и све остало му побарале да плати сума што не треба да ја плати осигуреник. Дознава дека не е осигуран од фирмата и све приватно си платил. Следниот ден доживува уште еден дебакл. Добива отказ. Колку нечовечки од газдава и не му платиле за тоа што платил у болница.

9. Газдава е лик што доаѓа на работа и у 30 дена може една да те поздрави, освен у фаца ако не му кажеш добар ден и да мора да врати. Те гледа како јадеш шета околу тебе некоја минута и не ти кажува наздравје. Тешко му е да поздрави персонал секое доаѓање на работа. Тоа ви кажува каков чоек е.

10. Средата 12 април се мењам со колега да бидам прва смена и да можам да гледам вечерта Милан. Денска смена е карамбол. Има преку 250 точења. 10-15 тони гориво у прва смена се точат. Ја држам смената до 14:00 со искусна колешка која поише е на каса наплата и правење фактури и еден нов на кој му држам обука. У 12:00 доаѓа уште еден нов на проба а у 14:00 дојде уште еден. Држам смена со 3ца нови. Точат гориво само и ми носат прометот од наплатата што ја вршат надвор. Еден од нив Има точење од 1000 денари и ми носи пари ама не ги видел. 

Отварам гледам 500 ден банкнота, 100 ден и две по 2000 ден. Муштеријата уместо две по 200ден му дал две по 2000ден. Док видам јас си заминал. Знаејќи дека е голема сума си викам ќе примети ќе се врати одма. Успат му кажувам на газдава за дешавкава и му викам ќе дојде сигурно ќе му ги дадам. Новиов го прашувам шо кола беше ми вика не памтам гужва беше. Проаѓа 15:00 ми пишува газдава дојде чоеков по парите му викам не дојде. Ми вика провери на камери. 1000ка е најчесто точење глеам 1000ки многу на компјутер ама не знам кола и саат за да ја најдам колава. Доѓа газдава пред крај на смена која ни е у 18:45 а он стига у 17:30. Ми вика дојде ли и му викам не. Ми вика дај ми ги парите. Му ѓи давам парите и си викам дека многу ангажиран за да се најде чоекот, а ние секојдневно коа сме у минус уво не го боли. Доста пари се 3600 ден што поише ги платил ликов. Негова грешка го чекаме да ги вратиме ама па ако не дојде зашто париве да завршат кај газдава. 

Тие што ме знаат, знаат дека не ценам пари па за 3600 денари ништо не ми мењаат него ме боли фактот зашто газдава секој плус го зима а секој минус  ние го плаќаме. Се вртка низ маркет влага еден познаник му праам фактура што точел ме прашува како сум. Му викам види сонце лепота денов, вечер игра Милан празник ми е ќе ги смачкаме Наполи ама ме нервира фирмава што не стои позади нас како што денес стои позади клиенти што е сосема коректно ама не е да не со го чуваш и почитуваш персоналот кој што ти рбаоти и ти ги праи парите. Газдава вие како волк чека да искочи муштеријава. Си иде чоекот и ми се пушта со дерење море мочко како не стои позади вас фирмата пичка ти матер твоја. Ми пцуе мајка која има 82 години, ми вика мочко. Нормлано влагам у вербално објаснување да му кажам како не стојат позади нас и како е луд дека му пцуе што не смее и е против законски и у себе си викам да немаше камери ќе го каснеше бумбар. Се објаснуваме. Му кажувам случка исто кај што доаѓа лик од Словенска амбасада и сум му дал 6 вина сум згрешил сум наплатил 5 на слип кај што нема простор да го украдеш виното и дека брат му одма ми бара да му го платам, а не чека да дојде пак Словенецот и да му кажеме за грешката кај што знам дека ќе плати. Се дешава вербално препукување ме пцуе пак со пичка ти матер. Идам накај него му кажувам скапо ќе платиш за ова. Го вика шевот да дојде да се раздужиме. Се раздужувам и си идам. Имам два слобони дена според распоред. Само што стигам дома му најавувам на шевот дека од 15-ти април зимам зимски годишен одмор кој ми следува и кој само јас уште не сум го искористил. 

Дознавам дека ме одјавил веќе на 13-ти април без да потпишам отказ иако сум пријавен на неопределено и немам никаква причина за отказ освен што сум му рекол дека фирмава не стои позади нас. Без д ме информира ме отпушта и ме одјавува. Му обеќав на газдава дека сите инспекции и јавноста ќе дознаат за све како што работи и што им праи на вработените. Поентава на текстов е барем ќе имаат боље услови вработените у иднина и ќе се пази како ќе работи, а и не сум тепач за тоа што ме пцуеше мајка па мора некако да му вратам. Бај д веј уште ми вика леб зимаше од фирмата раниш фамилија. Не бе дечко не ранам фамилија јас работам и све што ме плаќаш сум изработел и сум заслужил и повеќе.

11. Вработени кај него по 10 години зимаа помалце плата него јас што се договорив коа немаше вработени. Замисли како ги цени лојалните што му беа со години. Коа доџзна најстариот вработен дека зима 3000 денари помалку отиде да се избори сам за плата како нас новите а он работи 10+ години.

12. Ете така немам ќар ништо од ова ама мене да ми олесне за све што било нерегуларно.

13. Време е да го напраиме славен и да стигне текстов до сите институции.

Јас Пане Христопулос го напишав лично текстот и стојам позади све ова со факти и докази у пораки слики и све остало. Иако ми се заканува газдата дека ова мора да го изјавам на суд.