АктуелноЛокално

(Видео) Наместо да им ги конфискуваме хациедните од мекици – ќе ги даночиме со 80% данок

  • Дел од гостувањето на претседателот на #Левица, проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата „Тешки Муабети“

„Приоритет на Левица е носење на Закон за ПОТЕКЛО НА ИМОТ. Јас на претседателката на ДКСК ѝ го доставив Законот за потекло на имот од Југославија и од Србија, нека го препишат и истиот ќе го донесеме. Ама секогаш кога сакаат да заташкаат, имаат изговори.

Во Србија тоа не е решено со конфискација, туку со данок со стапка од 80% (за имотот за кој функционерот не може да докаже потекло). Многу лесно се решаваат овие работи, само нема политичка ВОЛЈА кај нас – затоа што од власта ќе треба да почнеме!”