АктуелноИнтернационалноЛокално

При бомбардирањето на Србија, НАТО загади седум земји во регионот меѓу кои и Македонија

Во овој извештај, досега непознат за јавноста, детално се изнесени точните податоци за последиците од бомбардирањето на НАТО врз Србија.

Во извештајот се вели: „Напорите на воздушните сили на НАТО да ги уништат индустриските локации и инфраструктурата предизвикаа опасни материи да ги контаминираат воздухот, водата и почвата. Овие супстанции ќе имаат трајно влијание врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето од засегнатите земји. Употребата на муниција што содржи осиромашен ураниум веројатно ќе ја зголеми инциденцата на рак и вродени болести меѓу жителите на погодените области, како и меѓу членовите на вооружените сили кои служат во овие области“.

При бомбардирањето на НАТО не беше поштеден ни Белград во кои беа погодени многу цивилни објекти, како и амбасадата на НР Кина

Утврдено е дека преносот на загадувачи од воздух, река и под земја ја зафатил цела Југоисточна Европа, покрај нападнатата земја, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Македонија и Украина.

Последиците за Србија се детално дадени во извештајот, во кој се посочува дека бомбардирањето на еколошки опасните објекти е флагрантно кршење на правилата за заштита на животната средина утврдени со дополнителниот протокол на Женевската конвенција.

Понатаму, вкупната количина на убојни средства што ги искористи НАТО се проценува на меѓу 22.000 и 79.000 тони, и беа употребини на 78 индустриски локации и 42 енергетски инсталации, но и најмалку 13 национални паркови и природни резервати – меѓу другите, Тара, Копаоник, Фрушка Гора, Шар – планина и планините Вршац.