АктуелноИнтернационално

Санкциите наметнати од западните земји против Русија минатата година беа надвор од најлошото сценарио – регулатор

Санкциите наметнати од западните земји против Русија минатата година беа надвор од најлошото сценарио, рече гувернерката на Централната Банка Елвира Набиулина во средата обраќајќи се пред Државната Дума (Долен дом).

Се разбира, тешко беше можно да се подготвиме за таков апсурден тек на санкции бидејќи надворешните услови се развија за нас надвор од најлошото сценарио. Сепак, избалансираната и цврста политика од претходните години, искуството во борбата против кризата ни овозможи ефикасно да одговориме‘ рече таа.

Руската економија и финансискиот систем ја покажаа својата стабилност во тешки периоди, истакна Набилуина. „Компаниите и граѓаните уште еднаш демонстрираа способност брзо да се приспособат на новите околности. Мерките за поддршка на државата беа доволни и и овозможија на економијата да помине низ налетот на санкциите. Банките и другите организации кои работат во финансикиот сектор работеа стабилно, обезбедувајќи и на земјата финансиски средства‘‘, додаде.

За возврат, Банката на Русија ја водеше политиката што обезбеди одржување на финансиската стабилност и доста брзо закрепнување на стабилноста на цените, заклучи шефот на регулаторот.