Трамп со ултиматум за НАТО

Вестите дека Доналд Трамп испратил писма со остри пораки до шефовите на повеќе влади за нивното трошење на одбрана, покажуваат дека америчкиот претседател е одлучен да го затегне ременот пред Самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел идната недела.

Тој им пишал на шефовите на Влади на Германија, Белгија, Канада и Норвешка, барајќи од нив да го зголемат процентот од националното богатство кое го трошат на војската, на најмалку 2% од БДП. Ова беше договорено на Самитот на НАТО во Велс од 2014 година.

Ултиматумите на Трамп создаваат нервоза кај сојузниците на САД, не само поради тоа што само мал број на земји плаќаат 2%, туку и поради нивниот страв од избувливото и непредвидливо однесување на Трамп.

Во моментов од 29 земји-членки само САД, Британија, Грција, Естонија и Полска трошат 2% од БДП или повеќе. Германија троши малку повеќе од 1% од БДП. Токму затоа Трамп ги насочи своите поплаки кон Ангела Меркел и лошиот пример кој според него таа го дава.

Стравовите дека ова ќе создаде кавги во Брисел се дополнително зголемени поради фактот што самитот на НАТО и Самитот со Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник во Хелсинки се случуваат многу блиску еден до друг.

НАТО е доминирано од САД и во изминативе децении ги рашири своите операции низ источна и југоисточна Европа, се’ до руската граница. Сега постои веројатност Трамп да ја загрози оваа операција и воените маневри како што е распределувањето на трупи по Источна Европа.

Ова е особено тешко за Британската влада, која очајно се обидува да си обезбеди место помеѓу врвните воени сили, во време кога постои раздор во Владата на ториевците во однос на трошењето за одбрана.

Министерот за одбрана, Гавин Вилијамс бара дополнителни 20 милијарди фунти годишно за одбрана што е раст од 50%.

Трамп ќе ја посети Британија помеѓу самитот на НАТО и Рускиот Самит.

Ризикот е во тоа што состанокот со Тереза Меј ќе биде притиснат помеѓу она што се очекува да биде тензичен NATO Самит и близок состанок помеѓу Трамп и Путин.

Британската коалиција за прекин на војните „Stop the War Coalition“ повика на протест против Трамп, во Лондон на 13 јули: „Не постои оправдување за сулудото воено трошење низ светот предводено од тоа на САД. Се разбира постојат и други причини за протести против Трамп- поради мигрантите, расизам, женски права и Палестина. Но овој протест ќе прати јасна порака и кон другите НАТО членки и на нашата Влада, дека не го сакаме овој јуриш кон војна“.

Коалицијата за Стоп на Војните „Stop the War Coalition“ беше основана во Септември 2001 во неделите после 9/11, кога Џорџ Буш објави „војна на теророт“. Од тогаш организацијата е посветена на превенирање и завршување на војните во Авганистан, Ирак, Либија и пошироко. Еден од основачите е и Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија на Британија.

 

 

Превод од оригиналниот текст.