Апасиев: Власта се плаши од пратениците на Левица – Откажана комисијата за зголемување на работното време

За денес беше закажана собраниска Комисија на која требаше да се најде измената на Законот за работни односи, кои власта ги предложи со цел да удоволи на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и со тоа овозможи 60 часовна работна недела што претставува класично газење на работничките права и овозможување на експлоатација на работникот.

Законот со кој се овозможува 60 – часовна работна недела беше блокиран од Левица, кои застанаа зад интересите на работниците. Пратениците од оваа партија поднесоа околу 1200 амандмани и најавија дополнителен филибастеринг на комисиската расправа, по што комисијата закажана за денес беше одложена.

„Власта се плаши од тоа пратеник на Левица да дојде до говорницата, оти не знае каде тоа ќе ги однесе. Па така, денешната Комисија за труд – на која планираа да воведат 12 часовно работно време – е одложена! Остануваат 1.111 амандмани на двајцата левичарски маченици.“ – напиша Апасиев на својот фејсбик профил.